|
Фабрика "Карпош" А.Д. Скопје во својата програма воведе производство на мали монтажни објекти од армирано бетонски префабрикувани типски елементи што
овозможува брза монтажа.
Дебелината на бетонските елементи е различна и се одредува зависно од намената на објектот, а може да се изработуваат и со термичка изолација.
Завршната обработка на фасадните елеманти во зависност од барањата, може да биде во натур бетон или фарбани со фасадни бои, обложени со племенити малтери и како
комбинација од различни обработки.
Завршната обработка на внатрешните ѕидови е глетирана површина, фарбана со поликолор боја, а може да бидат обложени со тапети или лесни градежни плочи.
Покривањето е со пластифициран челичен лим, врз скара од летви меѓу кои се вметнува термоизолација. |