| |
ПРОГРАМА "А"
Армирано бетонска монтажна конструкција систем "Карпош", програма "А" е потполно монтажна конструкција.
Конструкцијата се состои од: столбови, примарни и секундарни "Т"-носачи, лакови со затега, коруби и фасадни платна,
темелни греди и стопи.
Распони кои се совладуваат со овој систем се од 16-24 м.
ПРОГРАМА "Б"
Армирано бетонска монтажна конструкција систем "Карпош", програма "Б" е потполно монтажна конструкција составена од:
столбови, главни носачи, темелни греди, ивични венци, рожници, фасадни платна и стопи.
Распони кои се совладуваат со овој систем се од 16-28 м.
Конструкцијата нуди флексибилност во основа и по висина, а можни се и комбинации од двата система.
Елементите се изработуваат на индустриски начин во метални калапи по важечки прописи и под постојана контрола на сопствена лабораторија.
Фасадните елементи се топлотно изолирани со стиропор со д=5-7см, по барање на инвеститорот.
Предноста на овие системи се мали димензии и тежини на елементите, добра статичка искористеност на елементите,
брза монтажа, возможност за етапно градење и економска конструкција. Поради тоа што се погодни за изградба на производни погони,
складишта, стопански, спортски и други видови објекти. |