Производството на цевки опфаќа вибропресирани, бетонски и армирано бетонски цевки за кои важат
одредбите(мерки, правост, водонепропустливост, темен притисок).
Вибропресираните бетонски и армирано бетонски цевки се користат за: одвод на фекални води, одвод на атмосферски води, одвод на технолошки води, градба на хидроенергетски објекти.
Се произведуваат со димензии: 100, 150, 200, 250, 300, 400, 500, 600, 800, 1000, 1200, 1500мм, и должина од: 1000, 2000 и 2500мм.
Вибропресираните цевки од редовното производство можат да бидат бетонски или армирано бетонски.
Кој тип на цевки ќе се примени зависи од следните услови: Типот на ровот на кој се полагаат, висината на насипаниот материјал над темето на цевката, типот на насипаниот материјал, запремнинската тежина, агол на внатрешно триење,
сообраќајно оптоварување и типот на лежиштето.
Покрај производството на цевки фабриката "Карпош" А.Д. Скопје опфаќа и производство на шахти и фасонски делови со различни форми и димензии.
Спојувањето на цевките и шахтите се врши со гумени прстени д=16-24мм.
Складирањето на цевките е во вертикална положба на рамна и чиста подлога.
Утоварот е машински, транспортот се врши со камиони, влекачи и железница во вертикална и хоризонтална положба во зависност од профилот на цевката.