|
Производството на елементи за армирано бетонски мостови опфаќа: мосници тип "Карпош", армирано бетонски колови, армирано бетонски центрифугирани столбови,
украсни платна, кабел цевки и ивичници.
Армирано бетонските столбови и колови се користат за формирање на долниот дел на мостот.
Мосниците се изработуваат со распон од 2-15 м. Нивниот статички систем е проста греда. Пресметката на мосниците е извршена со товари согласно правилникот и тоа:
со возило од 600KN за пат од прв ред, и возило од 300KN за пат од втор ред.
Коловите се прават со должина од 12м. Се поставуваат на растојание од 0.90-1.20м во зависност од носивоста на тлото.
Столбовите се изработуваат во два типа: Тип "А", со константен пресек од 0.36м и д=4.0-8.0м, тип "Б" со променлив пресек со должина од 4.0-8.0м.
Можна е изработка по порачка на сите елементи од мостот. |