Насловна
Нарачки
Коментари
Каталог
 
     
  ДАЛНОВОДИ И ТРАФОСТАНИЦИ  
     
   Далноводните столбови се изработуваат од армирано бетонско центрифугирање со прстенест пресек и со конусен облик. За ниско напонски(0.4KW), високонапонски(10KW, 35KW и 100KW) и мешовити далекуводи.
Висината на столбовите е променлива и се движи од 9м(за 0.4KW), 12м(за 10KW) и од 14-21м(за 35 и 110KW).
Сите столбови се опремени со конзоли и прстени за вкрутување како и со сите потребни мутери за заземјување.
Столбовите се изведуваат како линиски, носиви или аголни за 20,40 и 60 степени (специјални).
Темелењето на далноводните столбови се изведува со темели самци под секој столб.
За реконструкција на постоечките дрвени водови и изградба на нови се користат армирано бетонски ногари тип "Карпош".
Фабриката "Карпош" А.Д. Скопје врши монтирање на сите видови далноводни столбови и изградба на гореспоменати водови.

ТРАФОСТАНИЦИ

Армирано бетонските трафостаници тип "Карпош" од 10-20/04KW, 1000KVA изградена е како типски објект од префабрикувани армирано бетонски елементи наменети за дистрибутивни и индустриски погони со напон од 10-20/04KW.
Конструкцијата и обликот на елементите дозволуваат брза монтажа и демонтажа.
Сите работи, од ископ на земја, заштитно вземјување како и монтажа се извршуваат во рок од 3 дена, и објектот е спремен за монтажа на опремата.
Армирано бетонските трафостаници тип "Карпош" 35/10KW се изведуваат од префабрикувани елементи меѓусебно поврзани на начин кој обезбедува минимално време на монтажа.
Основната намена на објектот е за сместување на опрема од 35/10KW, и обезбедување на останатите потребни простории.
Овој флексибилен систем дава можност за градба на повеќе објекти со различна намена, со континуирана промена на висината и ширината на објектот.
Објектот е технички изолиран, покриен со алуминиумски лим а браваријата се изведува од ZP профили. Времето на изградба по системот клуч на рака е минимално.
 
EduSoft Copyright © 2006 All rights reserved.
КОНТАКТ ЗА ФАБРИКАТА ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА ISO СЕРТИФИКАТ
МАЛИ МОНТАЖНИ ОБЈЕКТИ МОНТАЖНИ ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТИ БЕТОНСКИ ЦЕВКИ МОНТАЖНИ АРМИРАНО БЕТОНСКИ МОСТОВИ БЕТОНСКА ГАЛАНТЕРИЈА ДАЛНОВОДИ И ТРАФОСТАНИЦИ ПРАГОВИ