social image

Александрија

Современ станбен комплекс

На само 5 километри од строгиот Центар на Скопје, се гради новата урбана населба Александрија — современ простор дизајниран за квалитетен живот и мирно секојдневие.

Поврзаност и пристапност

Со својата стратешка локација, Александрија нуди одлична поврзаност со останатите делови на градот преку главни сообраќајници и јавен превоз. Локацијата е идеална за семејства, млади професионалци и деловни субјекти кои бараат простор што нуди функционалност, достапност и современи услови за живот и работа.

Проектот опфаќа површина од 150.000 м², со локациска предност – населбата е позиционирана на само 1 км од трговскиот центар City Mall, и во непосредна близина на Порта Влае, Поликлиниката Ѓорче Петров и приватната болницата Систина.

Развој што трае

Во изминатите 10 години, во рамките на комплексот се изградени девет станбени објекти, во износ од 45.000 м2 нето а во тек е изградбата на нов блок со модерни станбени згради, кои ќе понудат ново ниво на урбано домување со сите потребни комунални, социјални и рекреативни услови.

Идеално место за секој стил на живот.

Без разлика дали барате мирен семеен дом, модерен деловен простор или инвестициска можност, Александрија е локација со потенцијал и сигурна иднина. Планирана и развивана во последните 10 години, оваа населба претставува симбол на новото урбано живеење во Скопје.

Повеќе од простор – дом за цел живот

Еден стан не е само квадратура и ѕидови. Тоа е местото каде што започнува секој ден и каде завршува секоја приказна. Простор каде што ќе го почувствувате првиот чекор на вашето дете, ќе прославите родендени, мали победи и големи животни моменти.

Во вашиот нов дом, се гради иднината на вашето семејство. Тука ќе растат спомени, ќе се слуша детска смеа, ќе се создава мир и сигурност. Затоа, ние не градиме само станови – градиме животен простор со душа, со внимание кон секој детаљ, со топлина и удобност што ќе ја чувствувате секој ден.

Изберете простор кој ќе прерасне во вистински дом.

Од нашите почетоци во до денес, се стремиме максимално транспарентно да комуницираме со нашите клиенти, и тие да се информирани за нашиот процес на работа во целост.

Квалитетот што не се гледа – но се чувствува секој ден.

Кога градиме, ние не размислуваме само за надворешниот изглед. Вистинскиот квалитет на еден објект лежи под површината – во изборот на материјалите кои обезбедуваат долготрајност, удобност и безбедност.

Секој слој, од темелот до кровот, е внимателно одбран:

Овие компоненти можеби не се видливи на прв поглед, но токму тие прават разлика меѓу просечен простор и висококвалитетен дом што трае со децении.

Со вложување во квалитетни материјали, вие не само што добивате сигурност и удобност, туку и штедите на долг рок – помалку поправки, помала потрошувачка на енергија и зголемена пазарна вредност на вашиот стан.

Кога градиме, градиме со визија – да создадеме простор што ќе трае.

mechanization-icon
Цевките за довод и одвод на вода се од високо квалитетни материјали, со долг век на траење и безбедни за водата што секојдневно ја користите.
laboratory-icon
Прозорците се со висококвалитетна термо и звучна изолација, кои ја задржуваат топлината во зима и свежината во лето – со што значително се намалуваат трошоците за енергија.
engineer-icon
Циглите, малтерите, глет масите и бетонот се проверени и сертифицирани материјали кои гарантираат цврстина, стабилност и здрав микроклиматски амбиент во домот.

Заинтересирани сте за соработка?