social image

Галантерија и цевки

Фабриката „Карпош“ – Производство со традиција, квалитет и разновидност

Современи монтажни системи за брза и сигурна изградба

Фабриката „Карпош“ претставува еден од најзначајните производствени капацитети за бетонска галантерија во регионот, со долгогодишно искуство и постојано усовршување на производствените процеси.

Во нашите современо опремени погони се изработува широка лепеза на бетонски и армиранобетонски производи, кои се користат за уредување на јавни и приватни површини, инфраструктура, урбан опремување и градежни објекти.

Нашата понуда вклучува:

engineer-icon
Огради од различни типови и димензии
engineer-icon
Цвеќарници и корпи за отпадоци
engineer-icon
Производство по нарачка: сите видови армиранобетонски и бетонски елементи според технички спецификации на клиентот
engineer-icon
Риголи, канали и каналети
engineer-icon
Рабници во димензии:- 15/20/100 cm- 24/20/100 cm-18/24/100 cm- 8/16/50 cm
engineer-icon
Павер елементи бехатон и градинарски рабници
engineer-icon
Бетонски украсни и декоративни плочи за ѕидни и подни облоги

Флексибилност, сигурност и квалитет

Сите производи се изработуваат со висококвалитетни суровини и според строг квалитативен надзор. Производството е прилагодено да одговори и на најспецифични барања, со брза испорака и прилагодување според проектната документација.

Фабриката „Карпош“ – таму каде што бетонскиот елемент станува уметност, функционалност и трајност.

Производство и монтажа на бетонски и армиранобетонски цевки – Фабриката „Карпош“

Фабриката „Карпош“како дел од својата програма ги опфаќа производството и монтажа на сите видови бетонски и армиранобетонски цевки и шахти, изработени со највисоки стандарди за квалитет и сигурност.

line

Галантерија и цевки

Нашето производство вклучува

Вибропресувани бетонски и армиранобетонски цевки и шахти кои ги исполнуваат сите пропишани критериуми.

Примена - Овие цевки се користат за

check

Одвод на фекални води

check

Технолошки води

check

Одвод на атмосферски води

check

Градба на хидроенергетски објекти

check

Дренажни системи

Технички карактеристики

check

Цевките од редовното производство можат да бидат бетонски или армиранобетонски, со висок квалитет и трајност.

check

Димензии на цевките: 300, 400, 500, 600, 800, 1000, 1200, 1500 мм

check

Должини: 1000 мм, 2000 мм, 2500 мм

Далноводни столбови и преносна мрежа

Фабриката „Карпош” како дел од својата програма опфаќа и производство – монтажа на сите видови далноводни столбови и водови. Далноводните столбови се изработуваат со центрифугирање од армиранбетон со прстенест пресек и со конусен облик. За нисконапонски (04 KW), високонапонски (10 KW, 35 KW, 110 KW) и мешовити (од 10 KW – 0.4 KW) далеководи.
Висината на столбовите е променлива и се движи од 9м (за 0.4 KW), 12м.(за 10 KW) и од 14-21м.(за 35-110 KW). Сите столбови се опремени со конзоли и прстени за укрутување како и со сите потребни мутери за заземјување. Столбовите се изведуваат како линиски, носиви или аголни за 20о, 40о, 60о (специјални). Темелењето на далноводните столбови се изведува со темели самци под секој столб. За реконструкција на постојните дрвени водови и изградба на нови се користат армиранобетонски ногарки тип „Карпош”.

Фабриката „Карпош“ – гради стабилна инфраструктура за енергетска и комуникациска поврзаност. Нашите столбови го носат товарот на иднината.

Заинтересирани сте за соработка?