social image

Историја на компанијата

Фабрика Карпош низ годините. Традиција што инспирира, квалитет што трае, иновација што води кон иднината.

1948

Основана е Фабрика Карпош, како претпријатие од републичка важност

Сé започна далечната 1948 година. Потребна е забрзана изградба на разрушената земја по Втората светска Војна. На 11 февруари, со решение бр.1334, донесено од Владата на Република Македонија, предлог на министерот за индустрија и рударство, основано е претпријатието – Фабрика за бетонски производи Карпош, во населбата Ѓорче Петров, како претпријатие од републичка важност. Името го доби по народниот херој Христијан Тодоровски Карпош. Земени се 4 стари објекти, кои се адаптирани во погони. Истата 1948 година монтирани се два мостовски крана од 5 и 10 тона, кои се добиени како подарок, за работа во погонот Центрифуга. Се започна со производство на бетонски столбчиња за лозарство и бетонска галантерија.


Основната суровина за производство на бетон, песокот, се добива од сепарацијата на реката Лепенец, за кој со испитувања на сите реки од тогашна Југославија е окарактеризиран како најквалитетен.

1963

Речиси 80% од градот е разурнат

Црн ден за градот Скопје. 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Разурнати се многу индустриски капацитети.

Владата на СССР испрати цела фабрика за крупно панелни згради. Фабриката е со максимален капацитет од 1200 стана годишно, со вкуна станбена површина од 35000 метри квадратни. Дадена му е на Карпош.

Расте подемот на Фабриката, расте бројот на вработени, се зголемува стручниот кадар. Се гради низ цела Македонија и Југославија. Габаритот на една зграда од два влеза се крева за 18 дена.

Ова е почетокот кој подоцна го одведе Карпош до дизајн и производство на други видови на монтажни елементи за изградба на станбени згради, семејни куќи, индустриски објекти, стопански објекти и мостови.

1966

Производство на столбови за електрични далноводи

Со производство на столбови за електрични далноводи се започна во 1966година. Производството е наменето за цела Југославија.

1968

Изграден е првиот индустриски објект

Првиот индустриски објект е изграден во 1968година, во Приштина за потребите на фабриката Косовка.

2015

Нова населба - Александрија

Новиот комплекс Александрија е модерна станбена населба во Влае, Скопје, со квалитетна изведба, добра локација и одлична инфраструктура. Нуди различни типови на станови за удобен и модерен живот.

2022

Фабрика Карпош – Производствен погон Илинден

Во 2022 година, Фабрика Карпош го отвори својот најнов производствен погон во општина Илинден.

Овој современ капацитет е наменет за производство на префабрикувани бетонски елементи, изработени по највисоки технички и градежни стандарди. Со овој објект, компанијата ги зајакнува своите производствени капацитети и го поддржува развојот на модерната градежна индустрија во регионот.

line

За нас

Нашите вредности

trust-icons

Доверба

Довербата е нашата највредна градба. Секој проект го водиме со транспарентност, одговорност и почит. Работиме со проверени партнери и ја заслужуваме довербата на инвеститорите преку чесна работа и стабилни резултати.

innovation-icons

Иновативен дух

Иновацијата не е луксуз – тоа е нашата обврска. Воведуваме нови технологии, градежни методи и енергетски решенија кои го прават секој објект поефикасен и попаметен.

dedication-icons

Посветеност

Нашата работа не е случајност – таа е резултат на длабока посветеност, од идеја до реализација. Со целосен ангажман, ја исполнуваме секоја обврска прецизно и професионално.

solidarity-icons

Солидарност

Се грижиме едни за други и за заедницата. Поддржуваме социјални иницијативи, промовираме инклузија и стоиме заедно во предизвиците.

eco-icons

Одржливост

Секоја наша градба е одраз на одговорност кон природата. Користиме еколошки материјали, енергетска ефикасност и намалување на отпад – затоа што иднината се гради денес.

safety-icons

Сигурност

Безбедноста на луѓето и стабилноста на објектите се неприкосновени. Спроведуваме строги стандарди за заштита, управување со ризик и работна безбедност.

partnership-icons

Партнерство

Успешниот проект е секогаш тимска работа. Создаваме долгорочни партнерства засновани на доверба, фер однос и взаемна поддршка.

heart-icons

Скромност

Секој успех го прифаќаме со почит и благодарност. Скромноста ни овозможува да учиме, да се подобруваме и да растеме со интегритет.

respect-icons

Почит

Го почитуваме времето, трудот, знаењето и културата на секој човек. Таа почит е основа за здрави односи – внатре во компанијата и надвор од неа.

Заинтересирани сте за соработка?