social image

Префабрикати

Монтажна градба – Брза, стабилна и флексибилна конструкција

Современи монтажни системи за брза и сигурна изградба

Фабриката „Карпош“ е специјализирана за системи на монтажна градба со префабрикувани армиранобетонски елементи, кои претставуваат современо решение за брза и сигурна изградба на различни типови објекти.

Овие системи овозможуваат голема флексибилност при проектирањето и обликувањето на конструкциите, овозможувајќи оптимални технички и просторни решенија – дури и за најсложените барања на инвеститорите.

Клучни предности:

mechanization-icon
Брзина на изградба – до 70% пократко време во споредба со класични методи
laboratory-icon
Долг работен век и отпорност на атмосферски влијанија
engineer-icon
Прецизност и стандарден квалитет преку фабричко производство
eco-standard-icon
Флексибилност во дизајн и функција
engineer-icon
Минимална интервенција на терен
engineer-icon
Неограничени просторни можности со распон од 12 метри до 30 метри

Примена на системите за монтажна градба:

check

Индустриски хали и магацини

check

Катни гаражи и логистички центри

check

Спортски сали и јавни објекти

check

Инфраструктурни објекти: мостови, потпорни ѕидови, пропусти, силоси и повеќе

line

Префабрикати

Предности на монтажната градба

trust-icons

Контрола

Реализацијата на проектите од бетонски префабрикати овозможува зголемена контрола во сите фази и од страна на сите учесници во градбата. Контролата на процесите овозможува ефикасно управување со времето, како и контрола на остварениот квалитет на производите во конструктивен и естетски смисол.

innovation-icons

Квалитет и трајност

Технолошките процеси кои се употребуваат во текот на целата реализација на проектот резултираат со супериорен квалитет на производите во споредба со класичните системи на градба, а во понатамошната експлоатација овие системи се карактеризираат со исклучителна трајност, што влијае на минимизирање на трошоците за одржување на објектите.

dedication-icons

Прилагодливост

Внимателно избраниот спектар на елементи овозможува исклучителна прилагодливост и практично неограничени можности за просторно обликување. Без особени ограничувања, системите се прилагодливи на објекти со еден или повеќе распони, приземни или повеќекатни објекти.

solidarity-icons

Брзина на градба

Правилното управување со проектите од фазата на развој, па се до фазата на реализација, овозможува ефикасно планирање на времето и негово рационално користење. Природата на процесот овозможува производство на конструктивните елементи уште во фазата на постапките за обезбедување на неопходните дозволи, што овозможува значително скратување на целокупното време потребно за реализација на проектот.

eco-icons

Голема пожарна отпорност

Монтажните системи од армиран и претходно напрегнат бетон се карактеризираат со супериорни карактеристики на противпожарната отпорност, особено во споредба со алтернативните системи кои инкорпорираат примена на други материјали.

safety-icons

Естетски и визуелен квалитет

Префабрикуваното производство на бетонски елементи овозможува избегнување на негативните аспекти на визуелната прифатливост на бетонските елементи кои се изведуваат монолитно. Истовремено овозможуваат практично неограничени можности и слобода во однос на обликот и формата на елементите, како и завршната обработка, односно не постојат огрничувања во однос на завршниот изглед на елементите.

partnership-icons

Економичност

Унификацијата на производството, богатото искуство, развиените технолошки процеси и технологијата на изведба која подразбира поефикасно програмирање на работната сила на градилиштето, овозможуваат реализација на економични проекти, кои на Инвеститорите им обезбедуваат значителна заштеда.

heart-icons

Можност за демонтажа и рециклирање

Проектните решенија можат да бидат прилагодени за евентуална идна делумна или целосна демонтажа и повторна монтажа на објектите, а употребените материјали можат да бидат рециклирани.

respect-icons

Неограниченост на производството од временските услови

Oвозможува непречено планирање и проектни активности надвор од вообичаените градежни сезони.

Заинтересирани сте за соработка?